Ајакс летово повторно супер ќе заработи

Дони Ван де Бек, Андре Онана и Николас Талјафико, сите тројца многу веројатно летово би си заминале од Ајакс потврди тренерот, Ерик тен Хаг. Тој вели во зависност од движењето на пазарот во трансфер перидот, клубот би се согласил да ги ослободи тројцата играчи кои изразиле желба за заминување во други држави.

„Поради коронавирусот вредноста на играчите ќе биде намалена, но тоа нема да биде многу така што проток на пари има. Со Дони Ван де Бек, Андре Онана и Николас Талјафико имаме догвори, но ќе видиме дали ќе ги бара пазарот. За Онана и за Ван де Бек уште една сезона во Ајакс би била опција, но за Талјафико ситуацијата е поинаква со оглед на неговите години“ – вели Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се заинтересирани за Ван де Бек и за вистинска цена би можел да ја напушти Холандија. Интересот за него од Јунајтед го потврди и извршниот директор на Ајакс, Едвин Ван дер Сар. Андре Онана е цел на Челси, додека за Талјафико има исто така интерес од Челси, но и од Арсенал. Минатото лето, Ајакс ги продаде Матијас де Лихт и Френки де Јонг, а потоа се договори и со Челси за Хаким Зијеч.

 

 

Се вчитува...