Ајакс по девет години сака да го врати Луис Суарез во Амстердам

Холандскиот клуб Ајакс по девет години сака повторно да го врати уругвајскиот интернационалец Луис Суарез. Напаѓачот на Барселона има уште една година од актуелниот договор со каталонскиот гигант, но по дебаклот што тимот го доживеа од Баерн Минхен (2-8) во четврфиналето на Лигата на шампионите, се поизвесно е дека ќе дојде до разделба. Суарез има понуди од Саудиска Арабија и од МЛС-лигата на САД, но и Ајакс се вклучува во трката за негов потпис.

Суарез во периодот од 2007 до 2011 година го носеше дресот на Ајакс, во Амстердам го изгради фудбалското име откако одигра 110 натпревари и постигна 81 гол. Кариерата ја почна во Насионал, една сезона беше член на Гронинген, а после Ајакс настапуваше за за Ливерпул, од каде во 2014 година се пресели на „Камп Ноу“. Во дресот на Барселона одигра 191 натпревари и постигна 147 гола.

Се вчитува...