Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт со минимални 1:0 го совладаа Келн во првиот натпревар од шестото коло во Бундеслигата.
Ајнтрахт минатиот викенд доживеа вистински дебакл губејќи со 6:0 од Лајпциг, а вечерва со доста мака успеа да се извади.
Во натпревар во кој имаше доста шанси, одлучи голот на Ебнуталиб во 77-та минута. Голот може да го видите ТУКА.
По шест кола, Ајнтрахт има осум бодови и се искачи на осмото место на табелата, додека Келн е 11-ти со еден бод помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
