Тренерот на Барселона, Ханси Флик нема намера да се жали на пренатрупаниот распоред иако неговите фудбалери во наредните осум дена ги очекуваат тешки дуели со Бетис и Реал Мадрид во Ла Лига и со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Пред дуелот со Бетис (сабота, 18.30 часот), Флик порача дека мора да ја прифати ситуацијата и да се фокусира на тоа што може да го контролира и се дистанцира од критиките на тренерот Жозе Мурињо кој бара поголем одмор помеѓу натпреварите.
„Секоја сезона се наоѓаме во ваква ситуација. Знам дека во другите земји е поинаку, но тука и како што е. Во претходните две сезони имаше многу ситуации кога се прашувавме „Што е ова“? Се сеќавам дека еднаш од Валенсија моравме да се враќаме со автобус бидејќи летот беше откажан, а два дена подоцна игравме официјален натпревар“, вели Флик.
тој не сака згуснатиот распоред да му биде оправдување за евентуалните лоши резултати.
„Тоа што им го зборувам на моите играчи е дека изговори. Таква е ситуацијата во која се наоѓаме и ние единствено што можеме да направиме е да се фокусираме на нашата игра. 100 отсто верувам во мојот тим, квалитетот кој го имаме е неверојатен, а начинот на кој сите играчи играат е токму тоа што сакам да го гледам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
