Ѓоковиќ ќе се израмни со Федерер во неговиот роден град?

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, доби специјална покана за настап на АТП 500 турнирот во Базел кој ќе стартува за точно десет дена. На овој турнир, Ѓоковиќ ќе има шанса да дојде до 103-та титула во кариерата.

Новак на турнирот во Базел последен пат играше во 2009 година, а интересно е што организаторите неговиот кам-бек го најавија со пораката „17 години подоцна“.

Доколку триумфира, Новак ќе се израмни со Рожер Федерер по бројот на освоени титули и тоа во родниот град на Швајцарецот, Базел.

 

Тенисер со најголем број освоени титули во сите категории во модерната ера е Американецот Џими Конорс.
Поканата за Ѓоковиќ доаѓа откако Екзибисицкиот турнир кој требаше да се одржи во Саудиска Арабија е презакажан за крајот на декември.

Се вчитува...