Падна првата казна за навивач на „Торцида“ по потегот кој ја згрози спортската јавност

Хрватската полиција утринава апсеше навивачи на Хајдук Сплит од популарната „Торцида“ поради потегот со кој ја згрозија спортската јавност пред дуелот со Ајакс во Лигата на конференции, а судот експресно ја донесе првата пресуда.

Судит во Сплит го осуди на десет дена затвор 24-годишниот Јуре Д. поради два прекршоци.

Првиот е дека бил под дејство на алкохол на натпреварот, а вториот е дека од трибините на „Пољуд“ ги навредувал фудбалерите на Ајакс со зборовите „да ви го е**м м***то еврејско“. Според полицијата, со таквите извици предизвикал омраза и нетрпеливост по верска и национална припадност.

Навивачите на Хајдук пред натпреварот, за време на навивачкото кортеа, извикуваа навредливи содржини кон навивачите на Ајакс и кон самиот клуб и го величаа нацискиот лидер Адолф Хитлер.

Се вчитува...