Кошаркарите на актуелниот европски шампион, Олимпијакос, за само три дена остварија две победи во Шпанија и тоа по продолжение од пет минути. Откако во вторникот беше подобар од Валенсија, вечерва Олимпијакос со 100:105 славеше над Барселона.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 92:92, а во дополнителните пет минути подобри беа кошаркарите на Олимпијакос. Саша Везенков со 25 поени беше најдобар кај грчкиот тим каде одлични беа и Ндиаје и Милер-Мекинтаер кои дадоа по 17 поени, додека во редовите на Барселона, Мартин и Робинсон дадоа по 17 поени.
Кошаркарите на Виртус со 86:78 ја совладаа Басконија и ја забележија четвртата победа, додека Басконија е последна на табелата со само една победа во првите шест кола во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
