Управата на Њукасл им порача на сите заинтересирани екипи, пред се на Манчестер Јунајтед, дека ќе мора дебело да платат доколку сакаат да го ангажираат 21-годишниот лев бек, Луис Хал.
Според англиските медиуми, Њукасл ќе бара најмалку 100 милиони евра за евентуален трансфер на Хал.
Во летниот преоден рок, Њукасл бараше 70 милиони евра за младата ѕвезда, но откако Хал потпиша нов договор со тимот од „Сент Џејмс парк“, до 2031 година, сумата скокна на 100 милиони евра.
Најзаинтересиран за услугите на Хал е Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
