Академија Пандев без сериозни играчки промени во пролетниот дел

Академија Пандев речиси со истиот играчки кадар ќе настапува и во пролетниот дел. „Академците“ не планираат некои посериозни ангажмани во тимот, можеби 1-2 промени, изјави за ЕКИПА шефот на стручниот штаб Александар Васоски.

„Одмораме до 10. јануари, за кога е закажана првата прозивка. Што се однесува до играчкиот кадар, ќе нема поголеми промени. Можеби 1-2 засилувања, и исто толку заминувања. Речиси со истиот тим планираме да играме во пролетниот дел. Не планираме да менуваме многу“, ни изјави тренерот Васоски.

Екипата ќе тренира неколку дена тука, а потоа заминува на подготовки во Анталија, Турција каде ќе биде главната фаза на подготвителниот период, и одигрувањето на пријателски натпревари.

Академија Пандев есенскиот дел го заврши на второто место на табелата со 35 бода, или седум помалку од првопласираниот тим на Шкупи.

Се вчитува...