Академија Пандев добива нов тренер: Тренчовски се збогуваше со тимот

И Академија Пандев за пролетниот дел од сезоната ќе добие нов шеф на стручниот штаб.

Согласно претходниот договор, Југослав Тренчовски, кој е еден и од творците на струмичкиот прволигаш, до крајот на есенскиот дел ја одработи тренерската задача на клупата на „пандевци“ па денеска официјално се збогуваше со тимот.

„Деведесет дена исполнети со дружење, радости, тагувања. Денови во кои се обидовме да ја вратиме психолошката стабилност. Остваривме неколку подеми, победи. Горд сум на вашиот пласман во полуфиналето од националниот куп. Но исто така имавме и многу падови, премногу изгубени бодови на домашен терен, бевме сведоци на многу судиски одлуки кои беа на штета на сите нас. Во едно сум убеден, а тоа е дека од сите овие моменти научивме многу бидејќи го чекоревме најтешкиот пат. Лузните кои ги добивме во овој период во иднина само ќе сведочат за нашата желба, постојаност, верба… Следува период на одмор, носете мудри одлуки, со ладни глави. Засекогаш ќе останете во мојата позитивна страна, од една моја приказна во која ќе ги помнам само прекрасните моменти. Во иднина ќе бидам ваш најверен подржувач, затоа што убеден сум дека ќе успеете во зацртаната цел, затоа што вие сте моите херои!!! Според претходниот договор нашето заедничко патување денес заврши. Време е за некои лични и нови предизвици, нови почетоци …. Ве сакам од срце“ – објави Тренчовски на својот официјален фејсбук профил.

90 дена исполнети со дружење, радости, тагувања. Денови во кои се обидовме да ја вратиме психолошката стабилност….

Posted by Jugoslav Trencovski on Четврток, 17 декември 2020

Неколку имиња се спомнуваат за наследник на Тренчовски на клупата на Академија Пандев меѓу кои и довчерашниот тренер на Вардар, Александар Васоски како и Влатко Костов. До крајот на годинава се очекува да биде официјализирано новото име.

Се вчитува...