Академија Пандев ги стартуваше подготовките (ФОТО)

Фудбалерите на Академија Пандев од денеска повторно се во акција. Стартуваа со подготовките за вториот дел од првенството на Македонија. Првиот дел ќе биде реализиран во сопствената база во Струмица, а на 24. јануари тимот ќе замине за Анталија, каде до 7. февруари ќе продолжи со вториот дел од подготовките и ќе одигра шест контролни натпревари.

Тимот на Академија Пандев во овој зимски преоден рок го напуштија Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски. Засега на „пандевци“ им пристапија Ангел Гранчов, Бојан Најденов и Ндуе Мујеци. Има најави за уште неколку нови имиња во составот на Југослав Тренчовски.

Се вчитува...