Академија Пандев го промовираше Ндуе Мујеци (ФОТО)

Академија Пандев и официјално го промовираше своето трето засилување за пролетниот дел од сезоната, албанскиот напаѓач Ндуе Мујеци.

26-годишниот офанзивец стави потпис на договорот со „пандевци“ за соработка до крајот на сезоната. Ндуе е роден во Скадар, Албанија, а до сега во кариерата има настапувано за екипите на Влазнија, Ада, Пирин Благоевград, Дунав Русе, Сабуртало и летонски Вентспилс.

Претходно Академија Пандев се засили и со Бугаринот Гранчев, како и поранешниот македонски репрезентативец Бојан Најденов.

Се вчитува...