Академија Пандев ќе му даде шанса на Стојчев да ја води екипата!?

Академија Пандев ќе биде предводена од Ѓорге Стојчев во пролетниот дел од сезоната. Од таборот на струмичкиот тим размислуваат да му дадат шанса на Стојчев да биде шеф на струката. Тој добро ја познава екипата, беше помошник на Васоски, претходно и на Тренчовски, и затоа ќе му биде доделена довербата.

Стојчев вчера ја изврши првата прозивка на екипата, која стартуваше со подготовките. Тука беше и Мартин Мирчевски кој чека на трансфер, но до негова реализација ќе тренира со својот клуб.

Ново име е само Пепи Ѓоргиев, кој пристигна од Албанија, а се очекува промоција и на Димитар Митровски, екс младинскиот репрезентативец.

За клупата на Академија Пандев се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на Игор Ангеловски, меѓутоа „Академците“ се решаваат да му дадат шанса на досегашниот помошник да биде прв тренер.

Се вчитува...