Македонскиот прволигаш Академија Пандев оствари триумф (2-1) на пријателскиот натпревар против Спартак Суботица. Тимот на Југослав Тренчовски беше подобар ривал на овој меч, а стрелци на головите беа Марио Крстовски и Кингсли Еменике. Нигериецот моментно е на проба во струмичкиот состав.
Тренерот Тренчовски стартуваше со следниот состав: Чубраковиќ, Јованов, Цикарски, Гранчов, Костов, Томовски, Стоилов, Танушев, Миловановиќ, Дориев, Мујеци. Во игра влегоа: Илиев, Темелков, Глигоров, Пандев, Велиновски, Еменике, Николов, Крстовски, Димов.
Претходно, Академија Пандев ремизираше против рускиот тим Балтика на подготовките во Турција. Следната контрола на формата за Академија Пандев е в сабота против екипата на Септември Софија од Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА