Академија Пандев потпиша професионален договор со младинскиот репрезентативец Алчевски (ФОТО)

Академија Пандев потпиша професионален договор со уште еден свој талентиран фудбалер, 17-годишниот Марко Алчевски.

„Марко на 15 години се приклучи на младинските категории на Академија Пандев, а сега на 17 години го потпишува и својот професионален договор. Алчевски веќе има и неколку настапи за сениорскиот тим, а по оперативниот зафат на лигаментите на коленото, повреда заработена на реванш натпреварот против Зрињски, овој договор ќе му биде уште поголема мотивација за брзо враќање помеѓу стативите“ – информираат од Академија Пандев.

Алчевски е репрезентативец на Македонија во селекциите до 18 и до 19 години.

Се вчитува...