Академија Пандев се раздели со Шиков и со Стојков, ангажирани Танушев, Скендери и Велиновски

По разделбата со Стојанче Велинов и Филип Трајановски, пред европските настапи Академија Пандев ја заврши соработката и со поранешните македонски репрезентативци Ванче Шиков и Аце Стојков.

Шиков, согласно најавите, следната сезона ќе биде дел од кавадаречкиот второлигаш Тиквеш.

Од друга страна, Академија Пандев за новата натпреварувачка сезона го ангажираше фудбалерот од средниот ред на прилепска Победа, Ѓорѓи Танушев, а во тимот се враќаат и офанзивците Емир Скендери од Кожуф и Кристијан Велиновски од Брегалница.

Се вчитува...