Академија Пандев со триумф над Неа Саламина на подготовките во Банско

Новиот прволигаш, тимот на Академија Пандев, оствари победа на третиот контролен натпревар на подготовките во Банско, совладувајќи го кипарскиот тим Неа Саламина со 2-1. Ова покажува дека „пандевци“ полека влегуваат во посакуваната форма пред дебито во елитната македонска конкуренција. Стрелци на головите за Академија Пандев на овој меч беа Стоилов и Димов.

Тренерот Панче Стојанов, на овој меч стартуваше со следниот состав: Вујанац, Марков, Чешмеџиев, Петриќ, Атанаскоски, Иванов, Атанасов, Стоилов, Пандев, Балдовалиев, Трапановски. Играа уште: Михаилов, Темелков, Бери, Димов.

Тој е задоволен од прикажаното на дуелот со Неа Саламина.

Функциониравме компактно, одигравме добро. Иако има уште работа и простор да напредуваме, за овој период со тешки нозе, добро е што креираме шанси. Продолжуваме со анализи и напорна работа, и се надевам подготвени ќе влеземе во првенството, кое за многу од нашите играчи ќе биде за првпат во прволигашка конкуренција“, истакна тренерот Панче Стојанов.

Се вчитува...