Академија Пандев убедливо поразена од Теута

Фудбалерите на Академија Пандев загубија убедливо од албанска Теута со 1-4 (0-1) на пријателскиот натпревар во рамките на подготовките за квалификациите за Лигата на Европа во Банско.

Албанците повеле со голот на Томислав Бушиќ во 21. минута од средбата. Во 54. минута преку капитенот Сашко Пандев кој погоди директно од слободен удар, Академија Пандев успеа да израмни но противниците потоа повторно преку Бушиќ во 56. минута повторно дојдоа до предност. На 1-3 зголеми Калаку во 78. минута, а конечните 1-4 ги заокружил Беќас во 81. минута.

Се вчитува...