Академија Пандев во четвртфиналето на „Купот на пријателството“

Младите фудбалери на Академија Пандев се изборија за четвртфинале на „Купот на пријателството“ кој се одржува во Србија, откако славеа и втора победа, овој пат против Сараево со 1-0.

По триумфот во првото коло над Војводина со 1-0, сега „пандевци“ славеа со идентичен резултат и против Сараево со голот на Постолов во 65. минута па се изборија за четвртфинале на турнирот.

Претходно, победата над Војводина беше извојувана со погодокот на Лазар Милошевиќ.

Се вчитува...