Академија Пандев загуби од руски Јенисеј… (ВИДЕО)

Академија Пандев загуби од екипата на Јенисеј од Краснојарск, Русија, со 0-1 во првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

„Пандевци“ загубија по погодокот на Русите во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Тренерот на струмичани Панче Стојанов, мечот против рускиот второлигаш го почна во следниот состав: Истатов, Вареловски, Дончев, Димов, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев С. (капитен), Марков, Балдовалиев и Велиновски.

Академија Пандев за време на подготовките во Анталија ќе одигра уште шест пријателски натпревари.

Се вчитува...