АКН: Хакими го спаси Мароко, Коморите ја изненадија и ја исфрлија Гана

Габон и Мароко одиграа нерешено 2-2 во последниот меч од групата „Ц“ на Африканскиот куп на Нации. Мароко практично се спаси од пораз од 84. минута преку Хакими, и така обезбеди пласман во следната фаза како првопласиран, додека Габон заврши како втор.

Габон поведе преку Алевинах, а Бурал израмни во 74. минута. Сепак, во 81. минута нов шок за Мароко по автоголот на Агуер, а Хакими во 84. минута стигна и израмнувачкиот погодок.

Гана и Комори одиграа интересен натпревар кој заврши 2-3 за Комори, со тоа изненадувајќи го фаворитот на овој натпревар.

Комори водеше со 0-2 преку Бен и Моњи, а Боаки и Џику израмнија, за Моњи повторно да го врати водството и победата. Комори ќе чека шанса за пласман во следната фаза како една од најдобро третопласирани селекции.

Се вчитува...