Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема одиграно официјален натпревар по поразот на Австралија опен од Мекензи Мекдоналд. Оттогаш падна за 12 позиции и моментално е 14. на АТП листата, а повредата од која се опоравува му ја отежнува работата.
Пред Мајами беше 13. на листата, но пласманот во полуфиналето на Карен Хачанов ќе му донесе уште едно место подоле. Надал загуби вкупно 1.110 поени во Акапулко и Индијан Велс, а последен пат вака ниско рангиран беше на 11. април 2005 година. Тоа беше непосредно пред да ја освои првата од 11. титули во Монте Карло.
Кога сме веќе кај првиот земјен Мастерс, доколку реши да игра во Монако, Надал ќе мора да го игра првото коло. Причината, не е меѓу осумте носители. Последен пат тоа му се случи во 2006 година, кога во финалето играше со Роџер Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА