„Ако Јокиќ играше за Партизан или за Црвена Звезда, никогаш немаше да стигне до НБА

Кошаркарскиот суперагент Мишко Ражнатовиќ како гостин на подкастот „Бизнис приказни“ говореше на најразлични кошаркарски теми. Најголемо внимание привлече коментарот на Ражнатовиќ за МВП-кошаркарот на НБА-лигата, Никола Јокиќ, кој според неговиот агент никогаш немало да има толку блескава кариера ако наместо за Мега настапуваше за Партизан и за Црвена Звезда.

Токму Ражнатовиќ е прв човек на српскиот АБА-лигаш Мега, клуб во кој традиционално шанса добиваат младите и перспективни кошаркари чии кариери потоа овој суперагент ги лансира во Евролигата или во НБА. Ист беше случајот и со Јокиќ, кој беше дел од Мега во периодот од 2012 до 2015 година, по што во 2015 беше избран на НБА-драфтот од Денвер нагетс.

„Никола беше млад, физички слаб и се знаеше дека мора да се чека за да стане играч. Ако заиграше за Звезда или за Партизан, а не за Мега, тој немаше да стигне до нивот на НБА-лигата. Таму се нема трпение да се чека играчот да созрее. Ако згрешиш може да не влезеш во игра уште две-три средби, што е голем проблем кога си млад играч и немаш самодоверба. Не треба да ги осудуваме овие клубови затоа што тие бркаат резултат. Не може Звезда или Партизан да трпат некое дете да одигра три четири средби. Први што ќе направат притисок се навивачите, а тука се и социјалните мрежи, кои само го прават тој притисок поголем. Тоа се клубови кои мораат да победуваат, а не можеш да бркаш победи и да му даваш шанса на Мициќ да биде прв плејмејкер на 16 години или Јокиќ да стартува како прв центар на 18 години. Тоа е невозможно, но затоа е тука тим како Мега што ќе им дава шанса на помладите“, изјави Ражнатовиќ.

Се вчитува...