Ако Конте си замине, Сари е првиот избор за нов менаџер на Челси

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари е првиот избор на Челси за нов предводник доколку нивниот сегашен менаџер, Антонио Конте реши да го напушти клубот следното лето. „Сините“ сметаат дека стратегот на Наполи е вистинскиот човек кој би можел да продолжи да носи успеси на „Стемфорд бриџ“, а според шпекулациите од Италија, претставници од англискиот гигант веќе работат на убедување на Сари да се согласи да го превземе Челси.

Сари има откупна клаузула во договор со Наполитанците вредна 7.5 милиони евра, што не претставува голем проблем за Роман Абрамовиќ и раководството на англискиот шампион, кои наводно се подготвени да му понудат годишна плата од 12 милиони евра.

Неговиот стил на игра познат како „сарисимо“, доби пофалби од целиот фудбалски свет, вклучувајќи го и Пеп Гвардиола кој истакна дека овој Наполи е еден од најдобрите тимови со кои се соочил како тренер и играч.

Наполи моментално се наоѓа на втората позиција во Серија А со 25 бода, веднаш зад Интер кој со вчерашниот триумф над Сампдорија има еден бод повеќе, и се единствените две екипи кои се уште немаат пораз во првенството.

Се вчитува...