„Ако ме изберете за претседател, Меси…“

Кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре, вети дека Меси ќе остане во Барселона доколку тој победи на претстојните избори.

“Меси ќе остане доколку добијам мнозинство на гласови и победам. Ова ќе го кажам и на 25 јануари, ден по изборите. Лео сака да остане во Барселона и тоа е она што јас многу добро го знам. Јас и мојот тим ќе работиме на негово останување”, рече Фаре.

Првата ѕвезда на каталонскиот клуб не само што не е задоволна од резултатите на тимот, туку и од управата на клубот.

Сепак, договорот на Меси истекува следната година, што значи дека тој доколку не се договори со раководството на Барса, може да започне преговори со нов клуб уште во јануари.

Се вчитува...