Ако многу се здебели, Зајон ги губи парите од договорот со Њу Орлеанс

Зајон Вилијамсон потпиша максимален договор со Њу Орлеанс Пеликанс, но во него постојат неколку интересни клаузули во врска со неговата тежина.

Поради повреди, тој во своите први три сезони во НБА одигра само 85 натпревари, а фотографиите со очигледно вишок на килограми предизвикаа вистинска бура во САД.

Тој потпиша петгодишен договор вреден 193 милиони долари, што може да достигне и неверојатни 231 милион долари. Од друга страна во договорот постои клаузула во која доколку сака да ги заработи овие финансии мора да биде под 134 килограми.

 

Се вчитува...