Ако му е утеха на Роналдо: На „Маракана“ не беше признат и еден ваков погодок… (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше гневен по непризнаениот очигледен погодок за победа на синоќешниот натпревар на Португалија во Белград кој заврши без победник, 2-2.

Роналдо во 93. минута постигна чист гол, но судиите не видоа дека топката ја мина гол-линијата и покрај тоа што Митровиќ успеа да ја избие во поле.

Но, ова не е првпат на популарната Маракана да не се признае очигледен погодок на натпревар од голема важност. Првпат тоа беше во 1988 година во Купот на шампионите кога Црвена Звезда беше домаќин на Милан.

Топката ја мина гол-линијата за повеќе од едно метри, домаќините ја вратија во игра иако сите на стадионот го видоа голот. Освен судиите! На натпреварот во првиот тим на Црвена Звезда настапи и македонската фудбалска легенда Илија Најдоски.

Милан, на крајот, по 1-1 славеше на пенали со 2-4 и обезбеди пласман понатаму.

Се вчитува...