„Ако не бев претседател на Барселона, немаше да одам во затвор“

Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел тврди дека ако не станел претседател на Барселона никогаш немао да оди во затвор. На чело на каталонскиот клуб, Росел беше во периодот од 2010 до 2014 година. Одлежа затворска казна од 643 дена, најдолго што некој бил во затвор во историјата на Шанија за економски криминал.

„Да не бев претседател на Барса немаше да одам во затвор. За ова немам воопшто дилеми. Мислам дека никој и немаше да ги истражува моите бизниси, да ме шпиунира и да води таква жестока битка против мене. Од моментот кога станав претседател имав 72 процеси од Даночната агенција. Претходно воопшто не ми доаѓа даночни инспектори или доаѓаа нормално, редовно“– објаснува Росел во ексклузивно интервју за „Мундо Депортиво.

Во овој контекст значајно е и тоа што Росел беше жесток борец за правото на Каталонија за независност во периодот кога беше претседател на Барселона. Беше избран во 2010 година со најголем процент гласови во историјата на клубот (61,4 %). Од затвор излезе минатата година.

 

 

Се вчитува...