Ако не проработат Суарез и Коста, Атлетико ремизира без голови

Луис Суарез и Диего Коста не играат во тандем кај Диего Симеоне, но ниту едниот, ниту другиот, два меча последовно не можат да постигнат погодок. А тоа значи дека Атлетико Мадрид ремизира без голови. По гостувањето кај Хуеска, тимот на Атлетико Мадрид одигра 0-0 против Вилјареал на „Ванда Метрополитано“.

Луис Суарез и Диего Коста имаа изгледни шанси, но не успеаја да ги искористат. Вилјареал дојде да освои бод и успеа во тоа. По пет кола, „жолтата подморница“ има осум бода и во моментот е на врвот на табелата во Ла Лига.

Се вчитува...