„Барса веќе нема пари за Меси – помала плата или заминување“

Емили Русо, едeн од кандидатите за претседател на Барселона, изјави дека Меси мора да се согласи за намалување на платата, доколку сака да остане во каталонскиот клуб. Во моментов, Лионел заработува неверојатни 550.000 евра неделно, сума што е невозможна за исплата во период на финансиска криза поради коронавирусот.

„Ќе седнеме со Меси и ќе разговараме за намалување на платата. Ова е неподносливо во моментот. Трошоците се големи за клубот. „Ако не постигнеме договор, Меси ќе си замине“, рече Русо.

Претседателскиот кандидат посочува дека Аргентинецот е симбол на Барселона.

„Лео ги испиша најубавите страници во историјата на клубот. Тој е легенда, но реалноста е таква каква што е. Не можеме да ги лажеме нашите фудбалери. Ќе сториме сè за да го задржиме, но интересот на клубот е над сите играчи, па дури и над Меси“, додаде.

Останатите кандидати кои се натпреваруваат во трката за прв човек на Барселона, по секоја цена сакаат да го задржат Аргентинецот. Ова го потврдија Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Жорди Фаре.

Се вчитува...