Манчестер Сити покажал сериозен интерес за Алексис Мак Алистер од Ливерпул, во пресрет на самиот крај на летниот преоден рок.
Според последните информации, „граѓаните“ го разгледуваат аргентинскиот репрезентативец како алтернатива во средниот ред, бидејќи сè уште немаат постигнато договор со Челси за ангажман на Енцо Фернандес. Сити веќе воспоставил првични контакти во врска со можен трансфер на Мак Алистер.
Мак Алистер е една од опциите на листата на Манчестер Сити, кој бара засилување во средниот ред. Аргентинецот има договор со Ливерпул до 2028 година, а во моментов нема формални преговори за продолжување на соработката.
Интересот на Сити за фудбалерот на Ливерпул не е целосно нов. Неговото име веќе извесно време се поврзува со клубот од Манчестер, кој бара решение за средниот ред по заминувањето на Родри.
Покрај Мак Алистер, Манчестер Сити го следи и Коди Гакпо, кој исто така е член на Ливерпул. Сепак, во моментов приоритет за „граѓаните“ е да најдат ново решение во средниот ред, а Мак Алистер се појави како сериозна опција доколку пропадне обидот за трансфер на Енцо Фернандес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
