Ако не успее со Мбапе, Реал Мадрид ќе тргне по ѕвездата на Баерн

Килијан Мбапе и натаму не е дел од Реал Мадрид, а тешко дека ќе биде во блиска иднина. Пред неколку дена „кралевите“ се огласија дека не преговараат за ангажман на Французинот, меѓутоа речиси никој не верува дека еден ден ѕвездата на ПСЖ ќе биде дел од Реал.

И додека трае и натаму сагата околу Мбапе, други вести пристигнуваат од Шпанија. А тие се дека ако не успее со Мбапе, тогаш една друга ѕвезда ќе дојде на „Сантијаго Бернабе“. Станува збор за играчот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала.

Мусиала има цврст договор со Баерн Минхен до 2026 година, меѓутоа и во минатото се покажало дека Реал Мадрид лесно доаѓа до играчите кои ги посакува. Мусиала во моментов заработува 8 милиони евра по сезона, а за нов договор бара неверојатно тројно повеќе покачување на платата, односно 25 милиони евра по сезона.

Засега челниците на Баерн немаат намера да му ги исполнат барањата, и подготвени се да го продадат оваа сезона и добро да заработат за него.

Се вчитува...