„Ако ова му го прават на Новак, замислете што можат да ви направат вас“

Британскиот политички активист Најџел Фараж застана на страна на Новак Ѓоковиќ околу целата ситуација со неговиот влез во Австралија.

Фараж е во постојан контакт со семејството на првиот рекет во светот и вели дека доколку вакво нешто може да му се случи на еден од најдобрите спортисти во светот замислете што може да му се случи на секој обичен човек.

„Кога министерката за внатрешни работи му кажа на Новак дека слободно може да замине не беше директна. Ако не му успее жалбата автоматски ќе се соочи со забрана за влез во земјата во следните три години. Ако тоа може да му го направат на најдобриот тенисер во светот, замислете што можат да ви направат на вас“, изјави Фараж.

Србинот веќе петти ден се наоѓа во хотел Парк во Мелбурн и ја чека конечната одлука која треба да биде соопштена на полноќ по средноевропско време.

Се вчитува...