Бразилскиот фудбалер од средниот ред Бруно Гимераеш веќе на почетокот на месец јануари би можел да има нов клуб откако засега неименуван премиерлигаш ја активирал неговата откупна клаузула од 115 милиони евра за трансфер, откриваат англиските медиуми.
И покрај тоа што името на тимот засега е непознато, Англичаните шпекулираат дека станува збор за Челси кој сака да ја исполни желбата на тренерот Енцо Мареска да стигне до ѕвездено засилување во средниот ред.
Гимераеш изненади со преминот во Њукасл Јунајтед бидејќи пред трансферот од Лион на „Островот“ беше мета и на Барселона, ПСЖ и Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

