Ал Ахли не запира: По Алиоски, сега го бара и Вилијан од Арсенал…

Екипата на Ал Ахли е исклучително активна на фудбалскиот пазар летово. Гигантот од Саудиска Арабија вчера конечно го официјализираше трансферот на Езгијан Алиоски, а по македонскиот репрезентативец следен на листата на желби на Ал Ахли е Бразилецот Вилијан.

Бразилскиот генијалец долги години беше важен играч во Челси, но минатото лето се пресели во Арсенал, каде не се снајде најдобро во тактичките замисли на Микел Артета. Вилијан е меѓу најплатените фудбалери на „топчиите“ и лондонскиот клуб бара начин да се ослободи од него, нудејќи му дури и раскин на договорот без да бара никаква отштета од новиот клуб.

Ал Ахли се обидува да ја искористи ситуацијата и веќе се почнати преговори со агентот на Вилијан. На Бразилецот му е понуден тригодишен договор и се очекува тој во следните денови и официјално да одговори на понудата.

Се вчитува...