Дарвин Нуњез до лани со успех ги бранеше боите на Ливерпул, со овој клуб стигна и до титулата во Премиер-лигата, а за помалку од една година уругвајскиот голгетер го допре дното.
Имено, Дарвин најпрвин се пресели во Ал Хилал, навидум почетокот на авантурата беше позитивен, но набрзо стана јасно дека Уругваецот не е најсреќен во Саудиска Арабија, барајќи да добие зелено светло за преселба во Фенербахче. Тоа не се случи, тој мораше да остане во Ал Хилал, за дното да го допре со одлуката на клубот да го избрише Нуњез од листата на регистрирани играчи за Супер-лигата на Саудиска Арабија.
Во ситуација кога Карим Бензема потпиша непосредно пред крајот на преодниот рок францускиот ветеран го зазеде местото во квотата за странци на Нуњез,
Oва практично значи дека голгетерот во следните четири месеци до СП 2026 ќе може само да тренира со тимот, не и да игра во домашното првенство, а единствените натпревари би можеле да му бидат оние во ЛШ на Азија, каде Бензема секако ќе ја има улогат на прва опција во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

