Ал Хорфорд повторно ќе носи зелено – Кемба Вокер заврши со Бостон

Размената на играчи во најсилната кошаркарска лига започна и покрај тоа што сезоната сеуште не е завршена. Имено, првиот „трансфер“ ова лето го врати Ал Хорфорд во редовите на Бостон, додека Кемба Вокер замина во редовите на Оклахома.

Искусниот Хорфорд го носеше зелениот дрес три сезони помеѓу 2016 и 2019 година, додека пак Вокер кој стигна како супер-ѕвезда во Бостон не ги исполни очекувањата па по две сезони заминува од седумнаесеткратниот шампион.

Покрај овие два играчи во Бостон ќе стигне и Мозес Барун, додека тимовите заменија и драфт-пикови со тоа што 16. пик од овогодишниот драфт и играчот кој ќе биде избран во втората рунда на драфтот во 2025 година ќе завршат во Оклахома, додека оној кој ќе биде избран во вториот круг на драфтот во 2023 година ќе заврши во Бостон.

Се вчитува...