Летово не е толку размрдано во редовите на шампионите на Англија бидејќи многу од нивните играчи се на Светското првенство во Северна Америка, а нивните мети се исто така на истиот турнир. Сепак, Арсенал почна да организира дел од трансферите на почетокот на седмиот месец.
Ова не е она што го сакаат нивните навивачи бидејќи станува збор за нов голман кој ќе ја заземе позицијата трет голман, барем привремено. Се работи за досегашниот голман на Лидс Јунајтед, Илан Меслиер.
Арсенал го потврди доаѓањето на 26-годишниот француски голман. Договорот на Меслиер во Лидс истече, а „топчиите“ ја искористија таа можност да ја пополнат голманската позиција. Втор голман во Лондон е Кепа Аризабалага, но се верува дека Шпанецот би можел да го искористи ова лето за да бара постојана минутажа во друг клуб.
Овој трансфер, како што објави „Атлетик“, би отворил можност за младиот Англичанец Томи Сетфорд да оди на позајмица со цел дополнително да ја развие својата кариера. Младиот Сетфорд минатата година имаше два настапи за Арсенал, еден во ФА Купот, а другиот во ЕФЛ Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
