Ал Итихад на интересен начин го промовираше Канте: Не слушајте лажни вести, го донесовме

Францускиот фудбалер Нголо Канте и официјално е нов член на Ал Итихад од Саудиска Арабија. Така Французинот му се приклучи на својот сонародник Карим Бензема во овој клуб.

Интересен е начинот кој клубот го промовираше новото засилување. И покрај тоа што во последно време се појавија многу шпекулации околу неговата плата, Ал Итихад на социјалните мрежи напиша:

„Не слушајте лажни вести. Канте е нов играч на Ал Итихад“, стои во објавата.

Се вчитува...