Не беше така одамна кога се шпекулираше дека после Кристијано Роналдо, Ал Наср во своите редови се обидува да го доведе Лука Модриќ. Тогаш информацијата беше дека Хрватот без размислување ги одбил милионите на Саудијците.
Меѓутоа Ал Наср по секоја цена го сака хрватскиот играч од средниот ред, па наводно се обидел одново да го донесе. Овој пат понудата била да стане третиот најплатен играч на Светот, односно да биде најплатениот хрватски спортист на сите времиња.
Наводно Ал Наср му понудил годишна плата од 40 милиони евра на хрватскиот „Моцарт“, но Модриќ веднаш без размислување ги одбил. Нему договорот со Реал му истекува на крајот на сезоната, и засега е неизвесно дали ќе му биде продолжен, со оглед дека нема „сигнали“ од кралевите за нова соработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА