Алаба: Дојдов во Минхен како дете, ова е мојот дом… ќе плачам на простувањето

Давид Алаба пристигна во редовите на Баерн Минхен како 16-годишник од Австрија и постана вистинска легенда на тимот. Алаба забележа 428 настапи за баварскиот клуб, но сега искусниот Австриец се наоѓа пред заминување од „вториот дом“.

„Дојдов тука како 16-годишник од Виена и тука поминав речиси половина од живтот. 13 години. Тоа говори се. Овој клуб е моето семејство, мојот дом, моето посебно место. Не знам дали ќе ме видите да плачам на опростувањето, но сигурно ќе плачам во себе. Неодамна морав да се носам со емоциите на последното фотографирање на „Алијаз Арена“. Бескрајно им сум благодарен на навивачите за поддршката сите овие години. Отсекогаш осеќав посебна поврзаност со нив. Интересно е како работите се менуваат. Бев еден од оние деца кои собираше топки, правев бранови на средината на теренот, а потоа постанав и јас играч“, изјави Алаба.

Во Минхен освои се. Девет пати беше шампион на Германија, шест пати го освојуваше Купот, два пати Лигата на Шампионите и еднаш Светското клупско првенство.

„Има време до заминувањето, но сеуште не можам во целост да го прифатам тоа. Често се потсетувам на ова посебно време поминато во Баерн. Беше фантастично. Најмногу ќе ми недостигаат моите соиграчи, навивачите на трибините, атмосферата на улицата „Собенер“ каде живеев две години во сместувањето за младите. Ќе ми недостига и градот Минхен во кој поминав 13 години и кој ми стана и повеќе од втор дом. Мојот син се роди тука, неговите дедо и баба живеат тука. Секогаш ќе бидеме поврзани со Минхен“, додаде бекот.

По фантастични 13 години, Алаба го напушта Минхен со потрага по нов предизвик…

„Секогаш е тешко кога на нешто му доаѓа крајот. Го напуштам Баерн со солза во око, но истовремено се веселам и на иднината. Не донесов ваква одлука поради некакво незадоволство, туку одлучив да пробам нешто ново и да направам нов чекор во животот. Како растете морате да ја напуштите својата „комфорт зона“. Мислам дека морате да заминете на некое непознато место со цел да созреете“, додаде Алаба.

 

Се вчитува...