Алаба е на агендата на Реал Мадрид

Австрисклиот репрезентативец, Давид Алаба по десет години поминати во првиот тим на Баерн Минхен ќе го напушти германскиот гигант, а неговата преферирана дестинација е „Сантијаго Бернабеу“.

Жебата е обострана, меѓутоа и покрај тоа што дефанзивецот може да пристигне во Реал Мадид без обештетување на следното лето, кралскиот клуб нема да се расфрла со пари со оглед на финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус па овој аспект може да биде и пресуден во изборот за нов играч.

Интересот за Алаба во последните неколку недели е голем. Тој се наоѓа на радарот на Јувентус, двата клуба од Манчестер и Челси, но неговата желба е шпанија и потпис за Реал Мадрид или Барселона.

Се вчитува...