Карло Анчелоти се соочува со големи проблеми во пресрет на неколкуте важни средби на Реал Мадрид, „кралевите“ најпрвин играат со Леганес во Копа дел реј, по што ги очекува градското дерби со Атлетико Мадрид, а потоа и првиот меч од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити.
Антонио Ридигер се повреди на последниот дуел со Еспањол, во таборот на „кралевите“ се надеваа дека Давид Алаба е доволно здрав за да може да настапи на најмалку две од овие три средби, но денеска пристигна нова лоша вест – Австриецот заработи нова повреда. За среќа, не е повреда на коленото, туку на мускул на ногата, но во секоја случај се очекува пауза од најмалку 15 дена што значи дека Алаба ќе го пропушти овој исклучително важен дел од сезоната за Реал Мадрид.
Во ситуација кога се повредени и Ридигер и Милитао стручниот штаб на „кралевите“ нема избор, па крај Чуамени (кој секако не е централен дефанзивец) во срцето на одбраната ќе игра младиот Асенсио.
Воедно, Анчелоти реши да не ризикува за куп-мечот со Леганес, па во тимот на Реал Мадрид воопшто ќе ги нема Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Францускиот и англискиот репрезентативец нема да бидат ниту на клупата за резерви, се со цел да не се ризикува повреда и двајцата максимално подготвени да ги дочекаат наредните дуели со Атлетико и со Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА