Алаба за Баерн е веќе завршена приказна, понуден на Реал Мадрид

Баерн Минхен и дефинитивно соопшти дека повеќе нема да смета на Давид Алаба на кого договорот му истекува во јуни 2021 година. Алаба и клубот не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, поради новите високи финансиски услови кои ги поставува австрискиот репрезентативец.

Поради тоа 28-годишниот фудбалер веќе е на мета на неколку клубови. Неговите менаџери, како што пренесуваат шпанските медиуми, го понудиле и на Реал Мадрид кој од претходно беше заинтересиран за него.

Но, интерес за услугите на Алаба има и од Јувентус и Интер кои исто така од јуни посакуваат да го видат во своите редови.

Се вчитува...