Алаѓозовски не е повеќе тренер на АП Брера

ФК Брера информира дека Мартин Алаѓозовски не е повеќе дел од клубот, со што екипата од Струмица со нов тренер ќе брка опстанок во ПМФЛ.

Алаѓозовски го презеде клубот на Брера на 1 септември 2025 година, и имаше за задача да дојде до опстанокот. Екипата одигра неколку добри мечеви, но имаше и лоша серија на резултати. Екипата вчера загуби од Силекс со 4-0, а е во серија од три меча без победа, односно еден триумф на последните пет натпревари.

„Во еден од најтешките периоди за Брера, кога беше најпотребно единство, карактер и посветеност Мартин беше тука. Со својата работа, однос и професионализам даде огромен придонес и остави длабока трага во тимот. Неговата посветеност, енергија и верба во клубот нема да бидат заборавени. ФК Брера Струмица му изразува голема благодарност и му посакува многу успех во понатамошната кариера“, велат од таборот на АП Брера.

Се вчитува...