Аланијаспор на семејството на трагично загинатиот чешки репрезентативец ќе им го исплати целиот договор

Чешкиот фудбалер Јозеф Шурал загина пред неколку денови во сообраќајна несреќа на минибусот кој превезуваше осум фудбалери на Аланијаспор.

Минибусот го изнајмиле токму фудбалерите на турскиот клуб. Турската полиција, по извршениот увид, официјално соопшти дека несреќата се случила откако заспале и двајцата шофери. Возачите се менувале зад воланот, но во моментов на несреќата и двајцата заспале поради што минибусот излетал од патот. Во несреќата загина единствено Шурал.

По големата трагедија раководството на Аланијаспор донесе одлука за почит. На семејството на чешкиот репрезентативец ќе му го исплати комплетниот износ од договорот кој важеше за следните двеипол години.

Шурал во клубот пристигна пред три месеци. Требаше да биде вистинско засилување за клубот, посебно за следната сезона, но на крајот е „запрен“ на трагичен начин.

Се вчитува...