Аларм во Баерн Минхен, германскиот првак остана без премногу играчи

Германскиот првак Баерн Минхен се соочи со многу заминувања ова лето, а медиумите откриваат дека тоа го запали алармот во клубот. Раководството нема да замине на турнеја во САД и ќе се обиде да одработи најдобро до крајот на трансферниот прозорец за да му обезбеди уште некое квалитетно засилување на тренерот Нико Ковач.

Од Баерн Минхен ова лето заминаа Франк Рибери, Арјен Робен, Матс Хумелс, Хамес Родригез, Рафиња и Нико Ковач ќе има големи проблеми на почетокот од подготвителната турнеја. На „Алијанц арена“ пристигнаа само тројца нови фудбалери, Лукас Ернандез, Бенјамин Павар и Јан Фите-Арп. Тоа не ги задоволува апетитите на навивачите. Се споменува ангажман на Лирој Сане од Манчестер Сити и на Осман Дембеле од Барселона, но засега овие трансфери е далеку од реализација. Мала ротација ќе има и во одбраната.

Се вчитува...