Аларм во Барса: Педри пак се повреди на два дена пред „Ел Класико“

Чави се соочува со нов сериозен проблем откако Педри заработи нова повреда, на нешто повеќе од 48 часа пред неделното дерби против Реал Мадрид што ќе се игра на „Камп Ноу“.

Шпанскиот генијалец дваесетина дена беше надвор од терени, но каталонците правеа се што можат за тој да биде подготвен за настап против Реал. Рехабилитацијата течеше одлично, Педри неколку дена тренираше со остатокот на тимот, но денеска тој повторно се пожали на болка во мускулот. И покрај обидот, шпанскиот репрезентативец не можеше да го комплетира тренинфот, дополнителните лекарски прегледи ќе покажат кога тој ќе може да се врати на теренот, но речиси сигурно е дека Чави нема да може да смета на овој фудбалер за неделното „Ел Класико“.

Слична е состојбата и со Дембеле, уште еден стандарден првотимец кој исто така е повреден, но доколку биде оценето дека ризикот од нова повреда е преголем, тој ќе остане на трибините на „Камп ноу“ и воопшто нема да биде ниту на клупата за резерви.

Се вчитува...