АЛАРМ во Металург – Кузмановски: Цела сезона со една плата не се живее!

Металург ја победи Војводина во првиот натпревар од пролетниот дел во СЕХА лигата, но состојбата во Автокоманда е далеку од добра и средена. Металург се соочува со нова финансиска криза, а играчите се доведени на раб на преживување. Овој натпревар беше нивна порака дека ракометот и покрај се им е во прв план, но по мечот го кренаа и својот глас дека вака понатаму не оди.

„Ние си го одработуваме нашето, работиме, тренираме, излеговме на терен дадовме максимум и победивме. Во ситуација во каква што сме со месеци без плата, можевме и воопшто да не се појавиме. Но, ние покажавме на терен дека ракометот ни е на прво место, ама ова вака повеќе не оди.  Ова го кажувам во името на сите ракометари, затоа што сите сме во иста ситуација. Сезонава за 4-5 месеци имаме добиено само една плата. Нека се реши веќе еднаш и нека ни кажат – има ли средства и начин да функционираме нормално како клуб и како играчи или нема, па секој да си го бара патот и да си бара нов клуб. На газдата останува да одлучи и да не информира. Досега се беше ќе има во среда, па после во петок и така со недели и со месеци…До кога, вака? Оваа ситуација мора веќе еднаш да се реши“ – изјави капитенот на Металург, Филип Кузмановски за ЕКИПА, веднаш по мечот со Војводина.

Се вчитува...