Аларм во ПСЖ: Кавани го пропушта Тулуз, неизвесен и за Реал

Стратегот на ПСЖ, Унаи Емери се соочува со сериозен проблем пред продолжението од настапот во Лигата на шампионите и првиот дуел од осминафиналето против Реал Мадрид, закажан за среда.

Најдобриот стрелец на „светците“, Единсон Кавани се жали на повреда на колкот и сигурно нема да настапи на денешниот дуел против Тулуз, додека крајно неизвесен е неговиот настап на првата од двете пресметки со „кралевите“.

„Кавани се мачи со десниот колк и ќе мора да мирува, исто како и Курзава, кој има здобиено удар во мускулот на десната нога“ – соопштија лекарите на ПСЖ.

Останува да се види колку е сериозна повредата и дали Кавани ќе може да му помогне на својот тим против „кралевите“.

Се вчитува...